ВМРО- ДПМНЕ: За неполни три месеци, волшебниците на Заев направија да изчезнат стотици милиони евра
Време е владата на СДС да собере сили и да признае каде одат народните пари? Владата на СДС треба да одговори на граѓаните зошто нивните пари секојдневно испаруваат и исчезнуваат?- напиша ВМРО - ДПМНЕ во денешното соопштение
За неполни 3 месеци волшебниците на Заев успеeја да направат да снема стотици милиони евра пари на граѓаните од девизните резерви и од издадените хартии од вредност.
-Секоја недела без објаснување министерот за задолжување распишува аукции за државни хартии од вредност, а бенефит од тоа граѓаните не чувствуваат. Лакомите и неспособни функционери на СДС досега стопија околу 334 милиони евра, по основ на повлечени пари од девизните резерви и задолжувања од издадени државни хартии од вредност- пишува во соопштението
Граѓаните на Република Македонија не сакаат нивните пари да завршуваат во џебовите на волшебниците од СДС и нивните асистенти од платеничката шарена револуција.
- На јавноста се повеќе и е јасно дека овие пари не одат за покачување на платите и пензиите или нови проекти туку се трошат за луксузирањата на СДС, и покривање на партиските вработувања во институциите. Владата на Заев креира само хаос и неизвесност. СДС на 15-ти октомври ќе се соочи со политичка одговорност- напиша ВМРО- ДПМНЕ
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа