Стаменковска: Пензионерите од септември нема да добијат покачување за 2.100 денари како што ги лажеа, туку само 180 денари повеќе
СДС без никаков срам ги лаже пензионерите во Република Македонија. Пензионерите од септември нема да добијат покачување за 2.100 денари како што ги лажеа, туку само 180 денари повеќе. Владата на СДС и Заев го крати планираното зголемување за 5% на пензиите. Тие наместо како досега да добијат за 650 денари повисока пензија, сега ќе добијат покачување за само 180 денари, изјави денес Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ.
Стаменковска посочува дека СДС пред изборите цело време зборувале дека нудат подобар живот и еднакво општество за сите граѓани, а сега гледаме како ги понижуваат и како удираат по џебот на 300.000 пензионери.
-Очигледно дека планот за подобриот живот на СДС важи само партиските послушници, матните ликови блиски до Заев и мигранти. Пензионерите за СДС никогаш не биле категорија на граѓани за која тие воделе грижа и им обрнувале внимание. Претходно кога СДС беше на власт на пензионерите им укина по 8% од пензиите, сега за 4% им го укинува планираното покачување на нивните пензии, истакнува Стаменковска.
Таа вели дека за време на СДС на власт просечната пензија беше 7.684, а со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ таа се зголеми на 13.755 денари.
Според неа додека ВМРО-ДПМНЕ носеше мерки за подобрување на животот на пензионерите СДС ги исмеваше.
-Во време на ВМРО-ДПМНЕ освен големото покачување на пензиите се донесоа и низа проекти за пензионерите како банско климатската рекреација, бесплатен превоз со воз за пензионери, 50% попуст за посета во културните институции, слободен пρевоз за пензионерите со градсκите автобуси во главниот град. Пензионерите знаат да направат разлика кој работи добро за нив, кој води грижа за подобрување на квалитетот на нивниот живот, а кој работи спротивно на нивните интереси. Затоа овие 300.000 граѓани на Република Македонија на 15-ти октомври ќе гласат за враќање на нивниот дигнитет и ќе ја казнат лицемерната и неспособна влада на Зоран Заев и СДС, нагласува Стаменковска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа