Отчет на градоначалникот на Маврово-Ростуше: Само со посветена работа ја оправдавме довербата пред граѓаните
Континуираната, одговорна и транспарентна работа се карактеристика и на вториот мандат на моето раководење со општина Маврово и Ростуше. Заедно со Советот, администрацијата и вас – граѓаните на нашата општина, посветено и одговорно работевме во реализирање на ветеното, ова во својата отчетност го изјави градоначалникот на Маврово Ростуше, Мукрем Мехмеди.
-Во изминативе четири години посебно бевме сконцентрирани во решавање на инфраструктурните прашања кои значат подобрување на животот на нашите граѓани. Со задоволство можам да констатирам дека во изминатиот мандат беа реализирани многу крупни капитални проекти и градби. Пред се сакам да ги споменам инвестициите во патната инфраструктура. Реконструирани и изградени се над 10 км локални патишта чија вредност изнесува над 70 000 000 денари. Целосно реконструиран е патот за с.Жировница, проширување и реконструкција на патот за с.Битуше, патот Ростуше – Велебрдо, како и изграден нов пристапен пат за с.Скудриње, вели градоначалникот.
Тој потенцираше дека реконструирани се над 20 км регионални патишта и тоа делниците: Брана Маврови Анови – Ски Центар Маврово, Раскрсница Ново Село – Маврови Анови, Патот за манастирот Св. Јован Бигорски, чија вкупна вредност изнесува над 230 000 000 ден.
-Покрај тоа на овие патишта беше изградено над 7 км улично осветлување и тоа: на рег пат Маврово – Дебар кај Жировничко анче, од Ростушки мост до спортска сала Македонија, од с.Маврово до населба Крстови 2, раскрсницата кај Ново Село и на месноста Стража. Би сакал да споменам дека набавивме над 5000 м2 бекатон коцки со кои беа поплочени голем број на улици и паркинзи во населените места. Беа изградени и подпорни зидови на локалните патишта во селата Видуше,Жировница,Присојница, Битуше,и на регионалните патишта во месноста Трница,Белички и Врбенски канал во Маврови Анови и под с.Скудриње. Во делот на образованието: комплетно завршена со градба и пуштена во употреба новата училишна зграда на СОУ ,,Маврово-Ростуше,,, реновирана фасада и промена на врати и прозорци на ОУ ,,Блаже Конески,,Скудриње, уреден дворот и реновирани тоалети во училиштата во Велебрдо и Требиште,променети врата и прозорци во училиштата во Аџиевци и Маврово,како и набавени смарт табли и други средства за подобрување на наставата во улилиштата, потенцираше Мехмеди.
Тој изјави и дека изградени се водоводни мрежи во Ростуше, Ниќифорово и Маврови Анови со филтер станица, во вредност од 24 000 000 ден.
-Покрај овие инвестиции сакам да напоменам дека изградени се и објектите кои се од големо значење како за населението така и за посетителите на нашата општина. Тоа се Спортската сала Македонија во Ростуше,пешачка патека,фитнес зона и тениско игралиште покрај Мавровското езеро,изградени еко-пазари во Маврово и Ростуше, во тек е темелна реконструкција на Домот на културата во Ростуше, обезбедени средства и при крај постапка за избор на изведувач на нова општинска зграда. Ова беа покрупните проекти и инвестиции,додека подетален приказ има во печатената верзија на отчетот за работата на општина Маврово и Ростуше 2013-2017 година. свесни за одговорноста што ја носиме пред вас заедно со мојот тим неуморно и вредно работевме со што поголем дел од планираните проекти ги реализиравме,но многу и непредвидени проекти кои беа ваше постизборно барање беа реализирани. Само со континуирана и посветена работа, РАБОТА КОЈА НОСИ ПОДОБРО ја оправдавме довербата пред вас, граѓаните на општина Маврово и Ростуше, вели во својот отчет градоначалникот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа