Цветковски со отчет: Посветено работев за да ја направам општина Лозово поубаво место за живеење и да ја спречам миграцијата село-град

 

Работевме и ќе продолжиме да работиме во служба на граѓаните за подобрување на условите за живот, преку подобрување на патната инфраструктура, комуналиите, подобри услови за школување на децата и рекреација на младите, истакна градоначалникот на општина Лозово, Орце Цветковски, кој даде отчет за сработеното во изминативе 4 години.

-Неуморно и посветено работев за да ја оправдам довербата, да ја направам општина Лозово поубаво место за живеење и да ја спречам миграцијата село-град. Со домаќинскот оработење и пред се дефинирање на приоритетните проекти, има многу проекти кои ги започнавме, проекти кои се во тек и проекти кои ќе ги започнеме за еден месец, рече Орце Цветковски и додаде дека се реализирани многу проекти од суштинско значење за граѓаните.

 

 

 

23.08.2017 - 13:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега