Јованов со отчет: За четири години ја подобривме инфраструктурата во општина Конче, изградени четири регионални патишта во должина од 34 километри
Градоначалникот на општина Конче, Благој Јованов, при давањето отчет кон жителите на општината истакна дека иако станува збор за мало и рурално место, сепак локалната самоуправа, заедно со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ успеале да направат многу проекти.
-Од инфраструктурата имаме реализирано четири регионални патишта со вкупна должина од 34 километри, и тоа се локални и регионални патишта. Патот Конче – Радовиш во должина од 22 километри и вкупна вредност од 162 милиони денари обезбедни средства од буџетот на Владата на Република Македонија и општина Конче. Исто така, имаме реконструирано друг регионален пат, тоа е Раскрсница Ракитец – Долни Липовиќ во должина од 6 и пол километри и вкупна вредност од 11 милиони и 650 илјади денари. Исто така, имаме реализирано два локални патишта, тоа е локалниот пат Лубница – Скороша во должина од 1 и пол километар и вкупна вредност од 9 милиони денари и локалниот пат Мантово – Боровдол со вкупна должина од 3 и пол километри и вредност од 14 милиони денари, посочи Јованов.
Потенцира дека со тоа се подобрила самата инфраструктура во општината, додавајќи дека во период од четири години изградени 16 улици во вкупна должина од 4 километри и вкупна вредност од 15 милиони денари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа