Градоначалничката Чаушевска со отчет: Најголема заслуга за остварените проекти во Градско имаат граѓаните

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат со својата практика на отчетност за сработеното и потрошените средства пред граѓаните. Денеска отчет презентираше градоначалничката на Општина Градско, Жанета Чаушевска. Таа кажа дека во отчетот ќе се види дека се направени конкретни проекти во интерес на граѓаните на Градско.

-Најголемата заслуга за тоа е ваша, на граѓаните. Вие со непосредни средби ги избравте приоритетите, ви ги креиравте програмите, вие ги изнесовте потребите, проблемите и визиите за развојот на Градско. Станува збор за проекти кои што се основен предуслов за идниот развој на општината, изјави Чаушевска.

Таа напомена дека за четири години се труделе да инвестираат во сите населени места во општината и дека со работа која носи подобро успеале да направат една завидна листа на проекти. Како што кажа Чаушевска изградени биле патови, изградени се улици со ивичници. Таа напомена дека биле уредено централното подрачје во селото Виничани. Како што кажа Чаушевска во Градско осветлувањето било сменето со штедливи сијалици. Меѓу проектите кои што ги спомена таа, е и средувањето на водоводната мрежа.

Инвестиции во Градско имаше и во училиштата, како што кажа Чаушевска врвен приоритет за општината се децата и младите. Поставени се и рампи и летниковец за потребите  на лицата со посебни потреби.

-Да се сака безусловно своето родно место, просторот, реките и природата, значи постојано да се надоградува, да се развива и создава за да има историска трага од нашето време. Затоа поставивме летниковци и урбана опрема околу езерото во Подлец и го пошумивме просторот околу него, со што направивме услови овој општински природен бисер, да стане туристички рекреативен центар.

 

 

 

 

26.08.2017 - 13:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега