Андоновска: Хаосот кој го создаде СДС на долг рок ќе предизвика пад на квалитетот на услугите во здравството

Нема оставки, нема одговорност. Четири дечиња им починаа во раце. Барем некој да се одважеше па макар и од морални причини. Буквално сите се кријат и бегаат од скандалот на гинекологија. Највеќе оние кои се највисоко во хиерархијата и треба да покажат барем малку доблест, порача Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.

-Поминаа пет дена откако бевме сведоци на најтрагичниот настан на гинекологија, а на Таравари и Заев око не им трепнува.Скоро цела недела како не се знаат причините и се покриваат работите. Очигледно некој купува време. Како што го криеја скандалот два дена се додека медиумите не го објавија, изјави Андновска.

Таа праши дали некој се обидува да склопи извештај во кој нема лекарска грешка или нема одговорност за болницата? Дали на овој начин ќе се спасуваат Таравари и директорката Јовановска? Дали купуваат време за да ги убедат родителите и јавноста дека на новороденчињата им било пишано да починат?

-Колку бебиња треба да ги загубат животите за директорката на Клиниката за гинекологија Јовановска да си замине бидејќи нема капацитет да ја води клиниката, а единствена референца и е пријателството со Зорица Заева? Наместо да работи тоа за кое што зема пари од граѓаните, таа се занимава како да му помогне на пријателот Заев во партиските ангажмани, изјави Андоновска.

Андонвоска кажа дека директорката Јовановска, Таравари и Заев создадоа невиден хаос во здравството и на секаков начин се обидуваат да избегаат од одговорноста. Таа вели дека народот е уплашен и во неверување, народот е згрозен од неодговорното однесување на СДС.

-Хаосот кој го создаде СДС на долг рок ќе предизвика пад на квалитетот на услугите во здравството, а тоа директно ќе го почувствуваат пациентите. ВМРО-ДПМНЕ апелираше и ги прави сите напори да помогне да го разбуди СДС и неговите партиски заспани војници кои целосно заборавија на нивните ветувања и здравјето на граѓаните го оставија во втор план. Граѓаните беа приоритет на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа само на ГАК беше реновирана и беа набавени 11 респираторни машини, 16 инкубатори, 3 вормери, 1 ултразвучен апарат, 1 мобилен рендген апарат, 1 апарат за гасни анализи, 10 перфузори/инфузиомати, изјави Андоновска

Таа кажа дека минатата власт опремила најсовремени операциони сали, а во 2013-та беше отворена и 5-та операциона сала за минимално инвазивна хирургија опремена со најсовремена апаратура за лапараскопски интервенции.

-ВМРО-ДПМНЕ во рамки на Програмата на Министерството за здравство на Република Македонија за едукација на лекари и педијатри, на ЈЗУ и Клиника за гинекологија и акушерство им додели 5 субспецијализации по неонатологија за педијатри вработени на Одделението за неонатална интензивна нега и терапија и Одделението за новородени деца. Јовановска, Таравари и Заев, наместо да гледаат да го унапредуваат здравството и да ја употребуваат опремата која им ја остави ВМРО-ДПМНЕ, тие креираат страв и неизвесност кај ите граѓани кои имаат потреба од услугите на ГАК, изјави Андоновска.

Андоновска порача дека граѓаните ја гледаат неодговорноста на владата на СДС и без двоумење ќе ја казнат на 15-ти октомври.

 

 

 

27.08.2017 - 10:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега