Ни ги крадат податоците - веднаш избришете ја временската прогноза од телефонот

 

Ако ја имате AccuWeather апликацијата на телефон, веднаш избришете ја или ажурирајте ја штом ќе бидете во можност.

Според доказите на сигурносните истражувачи, оваа апликација за временска прогноза собира податоци од  iOS, а веројатбо и од Андроид корисниците за нивното движење и локацијатакоја ја посетиле и тоа го испраќа на компаниите кои тие податоци ги продаваат. AccuWeather тоа го прави и тогаш кога локацијата на телефонот е исклучена.

Иако, за Андроид корисниците не постојат докази, освен што постои сомнение дека ги следи корисниците, за iOS е докажан дека AccuWeather гиследи корисниците дури и коа на апликацијата е исклучен пристапот до локација.

Компанијата Reveal Mobile заедно со AccuWeather работата на решавање на оваа грешка и изјавиле дека по ажурирањето на апликацијата, по 24часа повеќе нема да се пренесуваат податоци надвор од неа.

Во секој случај, подобро е овие работи да се спречат, па ако на својот телефон имате инсталирано ваква апликација за селедење на временската прогноза подобро е да се избрише или да се ажурира веднаш.

 

 

 

27.08.2017 - 14:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега