Компјутерот бавно ви работи - трикови по кои ќе биде двојно побрз
Малку се оние кои не ги губат нервите кога компјутерот им откажува послушност и започне да работи неподносливо споро. Обично, тоа се случува кога сме во најголем хаос, но има помош.
Исклучете го и вклучете го
Ако го исклучите компјутерот, со таа постапка може да започнете чистење на сите процеси кои ја успоруваат работата, пишува „Пословни“.
Проверете дали сè е ажурирано
Вашиот оперативен систем, апликациите и сè останато може да работат успорено ако не се ажурирани. Секој „update“ ќе ги отстрани грешките и другите работи кои може да ја успорат работата.
Програми во позадина
Со тек на времето, компјутерот може да собере бројни програми кои не ви требаат. Тие безначајни програми ќе трошат значајно време од вашиот процесор. Влезете во „Task manager“ и проверете кои програми моментално работат, а ако забележите дека нешто не ви треба, исклучете го.
Проверете ги процесите и за да видите дали постои нешто непотребно или сомнително, па на интернет проверете доколку не сте сигурни за што служи. Одете во „Start“, па „Programs“ и „Startups“. Тука ќе најдете сè што се отвора кога ќе го вклучите компјутерот.
Простор за чување
Местото на тврдиот диск не значи дека имате доволно место за сè. Барем 10% од тврдиот диск треба да биде слободен за да имате доволно место за сè да работи беспрекорно.
Полуисправни програми
Хардверот старее и ја успорува работата. Тоа е битно и за тврдите дискови, од кои повеќето имаат делови кои може да се оштетат со користењето. Затоа, добро проверете ја состојбата на вашиот тврд диск со помош на програми како „ScanDisk“.
Пребарувачи
Признајте дека поголемиот дел од времето на компјутерот го минувате користејќи интернет. Првата работа што мора да ја направите е да видите дали сè е ажурирано. Ако ситуацијата е во ред, време е за чистење. Избришете ги колачињата, проверете ги инсталираните додатоци кои можеби не ви се потребни итн.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа