Ново спортско игралиште во скопски Бутел

 

Во општина Бутел започна изградба на ново спортско игралиште во близина на ОУ „Св. Климент Охридски“. Станува збор за  дислокација на најстариот спортски терен во општината, ракометното игралиште на некогашниот РК „Бутел“, соопштија денеска од Општина Бутел.

На досегашната локација ќе се гради црква, а игралиштето е поместено стотина метри кон училиштето. Спортското игралиште се гради во соработка со Агенцијата за млади и спорт. Бидејќи новата локацијата е поголема од старата, општина Бутел ќе изгради и помало детско забавно игралиште, како и паркинг простор, стои во соопштението.

23.08.2013 - 14:47

најчитано сега