Штетно е по здравјето: 4 знаци дека конзумирате премногу сол

 

Натриумот е од клучно значење за нашето здравје, за да може нашето тело да ги врши нормалните функции. Натриумот го прифаќаме со солта која ја додаваме кон храна. Солта како зачин одговара за балансирање на количеството на течностите во телото и обезбедување на мускулите да се стегаат така како што треба.

Но, кога ќе претераме со потрошувачката, нашето тело нè потсетува дека е време да се обрне внимание на начинот на исхрана. Споделуваме 4 сигурни знаци дека е време да  го ограничите натриумот.

Жед

Еден од првите знаци за прекумерен внес на солена храна е жедта. Веројатно сте забележале дека по нивната потрошувачка земате обилно количество вода. Ако ноќе или наутро се будите многу жедни, тоа може да значи дека претходниот ден сте консумирале премногу сол.

Не одминувајте го овој знак и обидете се да го промените начинот на исхрана, бидејќи вишокот сол секогаш негативно влијае на организмот.

Се чувствувате потечени

Друг знак дека е време да престанете со солените јадења е честиот оток. Натриумот е минерал кој има способност природно да задржува вода. Како резултат лицето, рацете, а и како целина ќе се чувствувате и изгледате попотечени од обично. Ова е исто така знак кој ви кажува да го намалите количеството на сол.

Висок крвен притисок

Една од главните причини за зголемување на крвниот притисок е вишокот натриум во организмот. Високиот крвен е ризичен фактор за срцеви заболувања и мозочен удар. Кога бубрезите не можат да се ослободат од вишокот натриум, тој влегува во крвотокот.

Кога тоа ќе се случи, обемот на крвта се зголемува, бидејќи натриумот држи вода. Ова не само што го зголемува крвниот притисок, но и го принудува срцето да работи уште понапорно.

Остеопорозата

Друг опасен ефект од примањето на премногу натриум е ризикот од развој на остеопороза. Ако вашите коски се послаби и кршливи, тоа може да е показател дека консумирате премногу сол.

Тоа е затоа што натриумот ја намалува густината на коските, што ги тера да ја загубат цврстината.

Исто така натриумот го спречува телото да го апсорбира калциумот – супстанција која е од клучно значење за изградба на коските и нивното чување здрави. Дури и да не страдате во оваа фаза од коскени проблеми, намалете ја солта како превентивна мерка.

 

 

 

05.09.2017 - 19:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега