ВМРО-ДПМНЕ: СДС за 100 дена на власт не само што расипнички ги потрошија парите на, туку не реализира ниту еден реален проект
Во време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски, се купија неколку компјутерски томографи, а вредноста на еден таков томограф беше над 350.000 евра. Инвестицијата беше наменета за сите пациенти кои што имаат потреба од брзо дијагностицирање на болеста. Со 350 милиони евра кои што за 100 дена расипнички ги потроши неспособната влада на СДС и Зоран Заев, можеше да се набават 1.000 компјутерски томографи. Расипниците од СДС не набавиjа ниту еден, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Приоритетот на неспособната влада на СДС и Заев, очигледно е дека не се граѓаните и нивните потреби, туку луксузирањето и задоволувањето на апетитите на блиските партиски војници на СДС и Заев. Неспособниот Заев и СДС за 100 дена на власт не само што расипнички ги потрошија парите на граѓаните, туку не реализира ниту еден единствен реален проект кој би бил од огромно значење на граѓаните, за нивен поквалитетен живот. Граѓаните на сопствена кожа ја почувствуваа расипничката и погубна политика која ја спроведува СДС и Заев, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Доколку ВМРО-ДПМНЕ, се додава, беше на власт ќе продолжеше да ги спроведува и да ги реализира проектите од кои граѓаните ќе имаа голема придобивка.
-Ќе се продолжеше да се инвестира во подобрување на македонскиот здравствениот систем, ќе се продолжеше да се инвестира и во образованието, во инфраструктурата, во носење на странски инвестиции се со цел отворање на поголем број работни места. Поради целосната негрижата, неспособноста и неодговорност на СДС и Заев, граѓаните на локалните избори на 15-ти октомври ќе му пресудат на Заев и целосно ќе го делегитимираат и казнат неговото расипничкото владеење, се вели во партиското соопштение.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа