Симеоне остана во Атлетико затоа што ниту една ѕвезда не го напушти клубот
Аргентинскиот фудбалски стручњак Диего Симеоне и покрај многуте најави за заминување од Атлетико, неодамна го продолжи договорот со „јорганџиите“ до 2020 година.
Како клучна причина за останувањето во Мадрид, Аргентинецот го наведе тоа што ниту една ѕвезда не го напушти Атлетико во летниот преоден рок.
– По изрекувањето на забраната за доведување нови играчи од страна на УЕФА, барав од раководството никој да не смее да го напушти клубот. Тоа и се случи и тоа е главната причина зашто се уште сум овде. Останаа сите, изјави Симеоне за клупскиот сајт.
Тој додаде дека кога би можел да бира меѓу ангажирање нови играчи и задржување на сегашните, би ја одбрал втората опција.
Популарниот „Ел Чоло“ во Атлетико е од 2011 година и со него на тренерското место клубот ги има освоено Лига Европа, УЕФА Суперкупот, шпанскиот Куп, шпанскиот Суперкуп и Примера.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа