ВМРО-ДПМНЕ: Придонесот на СДСМ за Гази Баба е еднаков на нула
-Дополнително Борче Георгиевски лаже како Зоран Заев. Борче без тронка срам излегува на прес конференција и говори за чистење на канали, кој самиот како советник во општината на Гази Баба гласаше против нивното чистење. Каналите во општина Гази Баба се чистат редовно и тоа го знаат и советниците на СДС кои на седниците на советите на општината ги гледаат извештаите за исчистените канали. Што се однесува до градбата на фекална канализација таа е во тек. Фекалната канализација од потегот на Вардар па се до Јурумлери е изградена, се вели во реакцијата.
-Што се однесува до градбата на клучката, општината на барање на граѓаните пристапи кон пешачка зона и проширување на коловозот по што треба да се пристапи кон градба на самата клучка, што е проект кој треба да го реализира Агенцијата за патишта која е под контрола на владата на СДС. Со овие лаги Георгиевски нема да га успее да ги изманипулира граѓаните на општина Гази баба, тој е веќе прочитан како и неговата партија СДС. Георгиевски е лик со сомнителен морален кредибилитет против кого има кривични пријави за фалсификување на патни исправи. Овој лик не може да биде иднината на Гази Баба исто како и СДС која нема реализирано ниту еден проект во општина Гази Баба сега како и во периодите кога ја водеа владата, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму велат дека граѓаните на претстојните локални избори на 15-ти октомври ќе ги казнат на СДСМ и криминалните ликови како Георгиевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа