ВМРО-ДПМНЕ: Рашковски не е над законите и треба добро да се подготви да се соочи со доказите кога ќе биде повикан на суд
Генералниот секретар на владата е исплашен затоа што е фатен во криминал, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Драги Рашковски и треба да биде исплашен бидејќи хаосот што тој и СДС го креираат еден ден ќе заврши. Кога оваа неспособна гарнитура ќе си замине од власт, правната држава ќе се врати и секој ќе одговара за незаконските дејствија што ги сторил. Тоа важи и за Рашковски и за сите оние кои му помагаат или кои го бодрат да забраздува во криминал. Кривичната пријава против Рашковски е поткрепена со бројни докази со кои Генералниот секретар ќе се соочи на суд. Секој човек различно реагира во страв, кога е соочен со одговорност за тоа што го сторил. Рашковски не е над законите и треба добро да се подготви да се соочи со доказите кога ќе биде повикан на суд, а доказите се несоборливи, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
-Со незаконското поставување на директори, на лица кои не ги исполнуваат законските услови во опасност се става нормалното функционирање на институциите, загрозени се граѓаните и е ставен во опасност буџетот на државата, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа