Ѓорѓиевски: СДС нема намера за фер избори

 

Скандали, неспособност, хаосот и штетни политики се карактеристика на владеењето на СДС и Зоран Заев. СДС се свесни дека заради својата неспособност и  штетни политики на локалните избори ќе се соочат со голем пораз и тежок дебакл. Затоа се нервозни и во очај. СДС се фатени живо на дело, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-СДС има стратегија да ја ангажира полицијата во нивна функција на изборите, и да го користи државниот буџет за поткуп на гласачи за да им дадат поддршка на претстојните изборите, а тоа го видовме на таблата од нивната општинска организација. Ова е дрско и безобразно да се истакнува користењето на полицијата во функција на изборите. Сакаме јасно да претставивме дека СДС нема намера за фер и демократски избори и да истакнеме со какви услови се соочуваме, истакна Орце Ѓорѓиевски.

Ова, додаде тој, е директно мешање на полицијата во партиски цели на СДС.

-Ова е директно мешање на партијата и државата. Наместо да се занимаваат каква програма да им понудат на граѓаните тие се занимаваат како да ја употребат полицијата во нивни цели. Го повикуваме ДИК, јавното обвинителство и меѓународната заедница да реагираат на овој срамен скандал или ќе се прават дека ништо не гледаат. На СДС нема да му помогне ни овој јалов обид. Граѓаните ги препознаа штетните политики. Нема да им помогне ниту нивната партиска полиција, ниту целиот државен буџет кој го имаат на располагање, потенцираше Ѓорѓиевски и додаде:

„Сакаме да упатиме апел до чесните полицајци, да не дозволат да бидат инволвирани во вакви активности, а сите оние од СДС коишто ќе посегнат по вакво нешто, по следните предвремени парламентарни избори ќе одговараат“.

 

 

 

10.09.2017 - 12:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега