Ѓорѓиевски: Спасовски го урна угледот на полицијата

На предизборните ветувања на неспособните од СДС веќе никој не им верува. На министерот Спасовски веќе никој не му верува. Ветуваше професионализација на полицијата, а тој лично го урна угледот на полицијата, ја партизираше и ја уништи ефикасноста, претворајќи ја од сервис на граѓаните во сервис на Заев истакна Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

Посочи дека кандидатот за градоначалник на општина Кисела Вода од редовите на СДСМ, Филип Темелковски пред очите на цела јавност во својата SWOT анализа на страната на предности на неговата кампања за локални избори го стави Министерството за внатрешни работи и Буџетот на државата.

-Полициската држава на Заев спроведена од Спасовски ќе биде ставена во целосна функција на СДС и преку притисоци и манипулации ќе се обидат да ја узурпираат волјата на граѓаните и да го намалат поразот на локалните избори. Покрај јавното признание дополнителни докази за сево ова се секојдневните неосновани пријави кои во паника и очај ги поднесуваат против кандидатите за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ. СДС се плаши од катастрофалниот пораз на локалните избори кој целосно ќе ги делегитимира. СДС се плаши од резултатите на својата неспособност. Спасовски на својата прес конференција за резултатите од работењето на МВР на одбележувањето на 100 дена влада не кажа ниту една успешна акција на полицијата против криминалот. Ниту една!, потенцира Ѓорѓиевски.

Вели дека Спасовски и неговите неспособни партиски потрчковци не успееја да разрешат убиство во среде бел ден во еден од најголемите туристички центри во Македонија.

Неспособната булумента на чело на МВР се уште не го пронајдоа сторителот кој ги осквернави гробиштата во Љуботен. Граѓаните ќе го имаат последниот збор како и секогаш, граѓаните ќе го имаат последниот збор на 15-ти октомври кога со секој глас за ВМРО-ДПМНЕ и пораз на СДС ќе ги казнат за непроценливата штета која и ја направија на Македонија за само стотина дена, рече Ѓорѓиевски.

 

 

 

13.09.2017 - 13:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега