Алексовски: Со помош на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, со доста проекти ја сменивме личната карта на Крива Паланка

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со своите панел дискусии, каде се презентира сработеното на локалните самоуправи, каде градоначалиците се од ВМРО-ДПМНЕ. Денеска на панелот говореше градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски, кој е градоначалник од 2009 година кажа дека голема и одговорност е да се работи за својата општина.

Тој изрази голема благодарност до Советот на Општина Крива Паланка за помошта при работењето, а посебна благодарност упати и до Владата на Република Македонија, за која како што кажа била од голема помош за проектите кои се сработени.

 

-Крива Паланка повеќе не е град каков што беше пред четири години, а уште помалку пред осум години, со доста проекти ја сменивме би рекол личната карта на градот, разубавивме делови од градот, разубавивме делови од населбите, од селата, изјави Алексовски.

Тој кажа дека оние кои подолго време не биле во градот кога ќе дојдат ќе видат големи и позитивни промени во градот. Тој кажа дека Крива Паланка добила нови простории за својата општина, на што е посебно горд.

-Направен е новиот плоштад „Карпошово востание“, со кој е разубавен ликот на оштината, го разубавивме ликот во оној дел од градот каде што е општината. Можеме да кажеме дека сега имаме два центара на градот, еден е оној кај градскиот плоштад „ВМРО“ и другиот е новиот градски плоштад „Карпошово востание“, изјави Алексовски.

 

 

 

 

13.09.2017 - 19:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега