Грнчаров: Зарем Вардар заслужува да игра на вакви селски стадиони?
Капитенот на Вардар, Бобан Грнчаров јавно го кажа своето мислење за решението на клубот да ги игра натпреварите на стадионот во Маџари.
Одговорните за „Филип Втори“ трикратно ги зголемија цените за првенствените натпревари и истите сега чинат 3.000 евра за дневен и 6.000 евра за ноќен меч па така, македонскиот првак бара алтернативно решение. Наредниот меч со Ренова, кој се игра во рамки на 6. коло од ПМФЛ, е закажан на стадионот „Борис Трајковски“, а капитенот на вардарци на својот Фејсбук профил излезе со гневна изјава
„Дали ваков гигант како што е Вардар заслужува да игра на вакви селски стадиони. Во Маџари... во Автокоманда... во Ѓорче Петров.. Вардар само на „Градски““
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа