Антиќ: Владата на ВМРО-ДПМНЕ интензивно работеше на економска промоција на Македонија

-Благодарение на активниот ангажман на вработените во дипломатско конзуларните претставништва се работеше за една економска промоција на Република Македонија и на тој начин дополнително да се даде еден поттик за добивање на инвестиции и со тоа да се подигне стандардот на македонските граѓани. Благодарение на овие вработени ние имаме еден куп странски инвестиции и исто така соработката помеѓу Македонија и Кина не смее да се заборави бидејќи таа ни помага за градење на автопатите Демир Капија-Смоквица и Кичево-Охрид кои за жал сега се стопирани од владата на СДСМ, истакна Антиќ.
Таа вели дека намерно се прават опструкции за пуштање во употреба на автопатите, а сето тоа оди на штета на македонските граѓани.
-Она што е исто така поразително е дека дипломатијата не се води само внатре во државата и затоа имаме дипломатски претставништва низ светот каде што освен политичкиот дел се залагаат и за економски дел и носење на инвестиции. Моментално еден од најголемите скандали на СДСМ и министерот Никола Димитров е тоа што го стагнираше огласот за професионален кадар во дипломатско конзуларните претставништва и 19 вработени од МНР и искусни дипломати не се испратени на нивните мандати, а одговорот никој не го знае зошто овие вработени се уште не се испратени, потенцираше Антиќ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа