23- годишно момче од Скопје пренесено во болница со убодна рана
Вчера околу 20 часот и 45 минути во Градската општа болница Свети “Наум Охридски“-Скопје, 23- годишниот И.Д од село Цветово бил примен со убодна рана во пределот на десната слабина и истиот по укажаната лекарска помош бил задржан на понатамошно лекување.
И.Д. бил донесен од страна на неговиот братучед 21- годишниот С.Д. кој изјавил дека околу 20 часот и 30 минути додека се движел со возило заедно со повредениот по улица “Чаирска“, И.Д. побарал да застане зошто сакал да се види со некое лице.
Откако излегол од возилото, се оддалечил и за кратко време се вратил со убодна рана по што веднаш се упатиле во Градската Општа Болница Свети “Наум Охридски“. СВР-Скопје презема мерки за целосно расчистување на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа