При претрес на куќа во Гостивар најдени две полни кеси со марихуана - осомничениот во бегство

Од вчера 20 часот и 35минути до 21 часот и 40 минути  по наредба од Судија по претходна постапка на Основен Суд Гостивар, а поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по чл.215 од Кривичниот законик на РМ од страна на полициски службеници од ПС Гостивар, бил извршен претрес во домот и помошните простории на 28- годишниот В.З од Гостивар при што биле пронајдени две полиетиленски ќеси во кои имало марихуана, потоа две помали полиетиленски ќеси во кои исто така имало марихуана со вкупна тежина од 40 грама како и една дигитална вага.

Осомничениот е во бегство и по истиот е распишан распис за негово пронаоѓање.

 

 

 

21.09.2017 - 13:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега