Двајца браќа од Битола ограбиле старец
Секторот за внатрешни работи во Битола поднесе кривична пријава против 30- годишниот А.Н. и 23- годишниот А.С, и двајцата од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “разбојништво“.
Пријавените на 27.07.2017 година околу 21 часот и 30 минути во паркот кај Саат кулата во Битола, го удриле со рачка од чадор 67- годишниот Л.А од село Лабуништа- струшко, а потоа од неговиот џеб го извадиле паричникот и одзеле 9.390 денари.
21.09.2017 - 13:46
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа