Голем пожар беснееше во Кисела Вода - ова се деталите

Полицијата вчера околу 21 часот добила пријава за пожар на булеварот „Борис Трајковски“ во близина на ресторанот Амор.

Според пријавата, забележано било искрење на далеководите и чад, по што најверојатно од искрите биле опожарена автолимарска работилница и делумно зафатено од палемнот складиште за ПВЦ материјали. Повредени лица нема.

Командирот на скопската противпожарна бригада Звонко Томевски синоќа во изјава за Курир информираше дека на терен, во гаснењето на пожарот учествувале 8 пожарникарски возила и 12 пожарникари.

Причините за пожарот се очекува да бидат познати по завршување на увидот кој ќе се врши денес.

 

 

 

22.09.2017 - 09:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега