Драма во Тетово: Ја искршил од ќотек невенчаната сопруга

Дваесет и тригодишна жителка на тетовско Камењане, вчера пријавила семејно насилство кое два дена пред тоа, на 19-ти септември, го извршил нејзиниот невенчан сопруг. Се работи за 31-годишниот Ф.К. од Гајре, со кого живеела помалку од една година.

Од СВР Тетово информираат дека по кусата меѓусеба вербална расправија, ја фатил за коса и потоа повеќе пати ја удрил со тупаници и шлаканици, нанесувајќи и видливи повреди.

Нешто подоцна, пријавителката заминала кај родителите, се обратила за лекарска помош и побарала кривичен прогон.

Пријавениот Ф.К. денеска ќе биде повикан во Секторот за внатрешни работи Тетово и по целосното расчистување на случајот ќе се соочи со соодветен поднесок.

 

 

 

22.09.2017 - 11:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега