ФОТО: Страшна сообраќајка на патот Прилеп-Градско, двајца загинати

Две лица загинаа во сообраќајна несреќа која денес околу 13часот и 20 минути се случи на патот Прилеп-Градско кај каменоломот.

Во изјава за Курир, портпаролот на СВР Битола Лефтерија Миленкоска информира дека во несреќата учествувале автомобил „Ровер“ со кавадаречки регистерски ознаки и камион влекач со велешки таблички.

Во несреќата животот го загубиле 56- годишен Д.Ч и 52- годишен Д.Ј, двајцата од Кавадарци.

Миленкоска вели дека увидот е во тек во присуство на јавен обвинител, а сообраќајот се одвива со наизменично пропуштање на возилата.

 

 

 

 

 

22.09.2017 - 16:39
Фото: 
Ѕид на сообраќајниот срам

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега