Данев: СДС сака на шверцерски начин да го донесе законот за јазиците
СДСМ не се консултираше со опозицијата додека го потпишуваа договорот со Бугарија иако опозицијата е најголемата партија со најголем број на пратеници во Република Македонија, истакна Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ.
-Иако ВМРО-ДПМНЕ има најголем број на пратеници во Собранието СДСМ сака да донесе закон за јазици со кои треба да се унаореди правото на јазик на одредени етнички заедници, поточно на албанската етничка заедница без никакви консултации со опозицијата така да од инклузивност кон одредени политички ставови од ова владеачко мнозинство и Заев тешко дека ние како опозиција ќе видиме нешто аир, вели Данев.
Тој потенцираше дека за се што е лошо во Тетово, Гостивар, Кичево и Чаир е виновна ВМРО-ДПМНЕ, додека за се што е добро заслугата е на Бејта, Теута Арифи и на Али Ахмети и поради тоа се носи еден ваков закон во една ваква шверцерска процедура.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа