Пешевска: Законот за јазици за жал стана престиж за добивање на гласови и е предмет за манипулација
Убаво ни порачаа од Прибе за ова избрзано законско решение, квалитет пред брзина, но овде имаме селективна послушност и нема слух од мнозинството за прифаќање на конструктивни совети, истакна Жаклина Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ.
-Овој закон не е од потреба ниту на Албанците ниту на Македонските граѓани во оваа држава, ниту ќе им ги реши проблемите, ниту стандардот, напротив проблемите кои што ќе излезат од овој договор ќе ги засегаат и едните и другите бидејќи во секојдневната употреба овој закон ниту фали ниту има потреба да се употребува, порача Пешевска.
Таа вели дека овој закон за жал во последно време стана само престиж за добивање гласови и предмет за манипулација на избирачкото тело.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа