Бомба во Стајковци

Жителите на Стајковци се вознемирени од детонацијата што ја слушнаа вечерва на првиот ден од отпочнувањето на изборната кампања.

Голем број жители на населбата се собрани на самото место, а заради паниката што се прошири во тој дел од Скопје, некои од мештаните одлучија децата да ги однесат да преноќат кај свои роднини. Сите говорат за инцидентот и за нарушената безбедност во последниве месеци.

 

Вечерва околу 21 часот во село Стајковци на ул.18 бр.26 во двор сопственост на А.Н. експлодирала експлозивна направа од која има оштетување на куќата и на ПМВ Рено со скопски регистерски ознаки. Повредени лица нема, а дополнително ќе се врши увид на лице место.

МВР засега не излегува со никаква информација околу инцидентот.

 

 

 

25.09.2017 - 23:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега