Трагедија во Скопје: Мртов маж најден во автомобил
Во 12 часот и 40 минути во Единица за информации и команда Скопје, М.П. пријавил дека во сервис за автомобилско стакло на улицата „Босна и Херцеговина“, во патничко возило „Ленд-Ровер“ со светиниколски регистарски ознаки бил пронајден починат маж.
Се работи за 37-годишниот Ј.Д.од населба Радишани Скопје.
По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.
26.09.2017 - 13:21
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа