Тешка сообраќајка во Штип - повредени две млади момчиња

Во 20 часот и 10 минути на улицата „Васил Главинов“ во Штип се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Мерцедес Е-270“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 30-годишниот Д.Ѓ. од Штип и мотоцикл „Фости-150“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 18-годишниот Ѓ.Д. од Штип, кој немал возачка дозвола, информираат од МВР.

По незгодата, возачот и сопатникот на мотоциклот, А.Г. (19) од Штип, биле пренесени во Клиничка болница Штип каде кај возачот Ѓ.Д. биле констатирани тешки телесни повреди, а кај сопатникот А.Ѓ. биле констатирани телесни повреди.

 

По укажаната лекарска помош, тие биле пуштени на домашно лекување.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Штип.

 

 

 

26.09.2017 - 13:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега