Важна информација за сите оние кои купиле блок билети за натпреварите на ФК Вардар во Лига Европа
ФК Вардар информира дека во наредниот период ќе се врши замена на електронски ваучери со пластифицирани картички за натпреварите на Вардар во Лига Европа.
Замената е во тек и ќе трае до 1. Октомври на билетарницата на Арената ,,Филип Втори”,во период 10.00 до 18.00 часот. После истекот на рокот за замена, електронските ваучери нема да бидат валидни, односно оние кои ги купиле блок билетите нема да можат да влезат со истите на следните натпревари. Поради тоа, раководството на Вардар, упатува замолница до сите фанови да почнат со замената што порано.
27.09.2017 - 10:19
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа