Судот одлучи: Снимката ќе се користи против Заев во предметот „Поткуп“

Судот го одби барањето на адвокатите на премиерот, Зоран Заев, видео снимката во случајот „Поткуп“, која ја виде целата јавност откако беше објавена на каналот YouTube, да не се користи во предметот. Судот одлучи дека снимките ќе се користат како доказ во постапката. Адвокатите на Заев најавија жалба по ова решение.

Денеска беше одложено уште едно рочиште од овој предмет кој се води против Заев за примање поткуп. Причината за одложувањето е затоа што судијката Дијана Груевска Илиевска била на боледување. Судењето е одложено за 20-ти ноември.

Заев е обвинет дека додека бил градоначалник на Струмица наводно побарал поткуп од 160 илјади евра од струмичкиот бизнисмен Иван Николов за градежно земјиште во општината.

Станува збор за снимка прибавена со налог на судот преку посебни истражни мерки. Според лидерот на СДСМ оваа снимка не треба да биде дел од доказите против него, но истовремено, тој бара снимките кои ги објавуваше од прислушуваните разговори, за кои не постои судски налог и се уште не се знае како се прибавени да се користат во предметите против осомничените и обвинетите во случаите кои ги води СЈО. 

Видеото се уште може да се најде на YouTube

 

 

 

27.09.2017 - 11:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега