Кривична за кичевчанецот кој вчера пукаше во кандидатот за градоначалник

Полициската станица Кичево поднесе кривична пријава против 58-годишниот А.А. од селото Горно Строгомиште, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство“ и „неовластено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи“.

-Вчера во 18 часот и 40 минути, на булеварот „Ослободување“ во Кичево, со намера да ги лиши од живот, од  пиштол марка „Сиг Сауер“ калибар 9 милиметри, што нелегално го поседувал, пријавениот пукал кон лицата А.А. (40) од с.Србјани,  кичевско, Д.А. (58) од Кичево и Ш.Д. ( 54) од с. Грешница, кичевско. Тие со повреди биле пренесени во Општата болница во Кичево, по што А.А. (40) и Д.А.(58), поради сериозноста на повредите биле пренесени во Ургентниот центар во Скопје. Повредениот Ш.А., по укажаната помош во болницата во Кичево, бил пуштен на домашно лекување, стои во соопштението од СВР Охрид.

 

Јавен обвинител и екипа на Полициската станица Кичево извршиле увид на местото на настанот. Притоа, пронајдени биле чаури и други предмети, кои биле подигнати и испратени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје. работи во Скопје.

 

 

 

28.09.2017 - 15:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега