Јанушев: Набавката на нови автобуси за ЈСП се случува само кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт
Еден од најголемите проекти кои се спроведоа на територијата на Град Скопје, а од особена важност за јавниот градски превоз, е набавката на новите автобуси, истакна Игор Јанушев на денешната трибина на Комисијата за градежништво, урбанизам и транспорт на ВМРО-ДПМНЕ.
-Во периодот од 2011-2012 година се набавија најголемиот дел од автобусите, двокатните и нископодните автобуси. Набавката на автобуси и осовременувањето на возниот парк на ЈСП се случува само кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт. Во периодот од самостојноста на Македонија се случило едно позначајно осовременување на возниот парк во 1998 година и во 2000 година кога се набавени 61 односно 20 автобуси, за понатаму се до 2011 да се набавени вкупно два нови автобуси. Во 2011 да имаме испорака на 150, и во 2012 да се донабавт останатите 163 нови автобуси, истакнува Јанушев.
Тој вели дека заедно со проширувањето на булеварите и осовременувањето на патната инфраструктура во Градот Скопје се овозможил поинаков пристап во јавниот градски превоз.
-Имаме пуштено многу нови линии, продолжени траси на линии, многу позачестен јавен градски превоз се со цел овозможување на граѓаните подобра услуга, нагласи Јанушев.
Тој посочи и дека на граѓаните им овозможиле на над 250 места ширум градот да купат или да дополнат електронска картичка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа