Трагедија во Македонија - отишол да работи, го нашле мртов

Голема трагедија ја потресе вчера Македонија кога попладнето во 18 часот и 30 минути во близина на трлата на место викано Кадиица во близина на селото Ораов Дол во атар на општина Чашка, бил пронајден мртов маж.

Според податоците од полицијата, случајот го пријавил 41-годишниот А.А. од селото Јаболчиште, а се работи за 54-годишниот С.Т. од Клуковец кој ја чувал стоката. Тој до трлото лежел на земја без знаци на живот.

Смрт е констатирана од страна на екипа на Здравствен дом Велес, а увид на лице место извршила екипа од СВР Велес.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција. 

 

 

 

29.09.2017 - 12:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега