Стружанец падна од скеле - почина на пат кон болница

Во текот на вчерашниот ден во 16 часот и 45 минути во Гевгелија се случила огромна трагедија, кога починал маж.

при изведување на градежни работи на куќа сопственост на А.Д. од скеле паднал 38-годишниот С.У. од селото Октиси-Струга, кој бил ангажиран преку фирмата „Мансард“ од Гевгелија.

Од здобиените повреди, на пат кон Здравствен дом Гевгелија, С.У. за жал починал.

Увид на лице место извршила екипа од Полициска станица Гевгелија и државен инспектор за труд. По наредба на Јавен обвинител над телото на починатиот ќе се врши обдукција.

 

 

 

29.09.2017 - 13:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега