Страшна сообраќајка во Сопиште

Во скопското село Сопиште вчера во 20 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „пасат“ со скопски регистерски таблици управувано од 38-годишниот Д.Б. и патничко возило „ауди“ со скопски регистерски таблици управувано од 20-годишниот С.Т. и двајцата од Скопје.

Во незгодата со телесни повреди се здобил учесникот Д.Б. на кој во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ му биле констатирани телесни повреди и по укажаната лекарска помош бил пуштен на домашно лекување.

 

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје. Се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

30.09.2017 - 14:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега