Родилка почина во тетовската болница - бебето приклучено на апарати

Нова трагедија ја потресе Македонија, родилка почина синоќа околу полноќ во Клиничката болница во Тетово, бебето во тешка состојба итно е префрлено на Детската Клиника во Скопје. Од Клиниката информираат дека новороденчето е сместено на одделот за интензивна нега и е приклучено на апарати. Неговата состојба е неизвесна, пренесе Сител.
 
Според информации на Сител од тетовската болница ,30-годишната жена кај нив била донесена со многу висок притисок, а лекарите констатирале дека породувањето веќе почнало. Таа била во 40-тата недела од бременоста. Набргу по приемот родилката паднала во кома, а во меѓувреме дежурниот гинеколог успеал да го извади бебето. Биле повикани и други специјалисти, но не успеале да ја реанимираат. Ова и била втора бременост.
 
Инаку комисијата формирана од министерството за здравство не најде лекарска грешка за смртта на 4-те новороденчиња минатата недела на скопска гинекологија. Дежурната педијатарка која тој ден не била на работното место останува суспендирана се додека не се произнесе дисциплинската комисија. 
 
 
 
 

 

 

30.09.2017 - 21:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега