Тешка несреќа во Македонија: Изгубил контрола, излетал од пат и се забил во ограда

Страшна несреќа синоќа се случила во Куманово кога 25-годишниот У.И  се превртел со неговото возило „крајслер“ на улицата „ЈНА“ во Куманово.

Несреќата се случила вчера околу 17 часот кога младото момче со возило со гостиварски регистарски ознаки се движел од центарот кон периферијата на Куманово, по што изгубил контрола, се превртел и удрил во ограда од куќа.

Тој бил пренесен во општата болница Куманово, каде му се констатирани тешки телесни повреди.

За среќа кумановчанецот е надвор од животна опасност.

 

 

 

01.10.2017 - 10:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега