Христовска: ВМРО-ДПМНЕ продолжува со инвестиции во образованието во Битола

 

На овие локални избори кои се еден од најголемите предизвици во поновата историја на Битола и на Македонија, советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За Подобра Македонија е вистинскиот избор за победа и за Битола каква што заслужуваме сите битолчани. Ова го истакна Викторија Христовска, кандидат за советник од ВМРО-ДПМНЕ во Битола.

-Користејќи ги расположливите потенцијали, знаење и енергија, успеавме да реализирам бројни проекти и да оствариме успех и резултати. Со ваквиот начин на работа продолжуваме и во следниот четиригодишен период. ВМРО–ДПМНЕ во изминатиот период, преку низа проекти, инвестираше во подобрувањето на условите за непречено одвивање на воспитно- образовниот и наставниот процес во основните и средните училишта во општина Битола, како и во подобрување на условите во детските градинки во општината. Локалната самоуправа, во соработка со Владата на Република Македонија, реализираше проекти за реконструкција на повеќе објекти, изградба на нови објекти и училишни спортски сали во средните училишта, изградба на повеќенаменски игралишта, опремување на училиштата со дидактички материјали и бројни други проекти. Продолжувајќи го ваквиот континуитет, локалната самоуправа, предводена од ВМРО-ДПМНЕ и во следниот период продолжува со инвестиции во образованието со посебен фокус на следните проекти: Реконструкција на средни и основни училишта и подигнување на енергетската ефикасност на училишните згради и тоа  промена на дограмата и замена со нова ПВЦ-дограма,  санација на греење, санација на под, санација на санитарни јазли. Активностите се предвидени да се реализираат во основните училишта „Александар Турунџев“, „Стив Наумов“, „Гоце Делчев“, „Тодор Ангелевски“,  и во средните училишта СОУЕ „Јане Сандански“, СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“, ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“ и во другите училишта согласно со потребите за реализација на квалитетен воспитно–образовен процес. Понатаму изградба на училишни спортски сали, изградба на спортски игралишта во основните училишта „Трифун Пановски“,„Стив Наумов“,  ОУ „Даме Груев“„Тодор Ангелески“ -, „Гоце Делчев“, ОУ „Св. Кирил и Методиј“. Поддршка ќе има и за талентираните ученици и спортисти со буџет во висина од 2,000.000 мкд, како и уредување на училишните дворови и нивна адаптација на образовниот процес, истакна таа.

 

Христовска потенцира дека нивната програма е реална и издржана, истата е подготвена во директен контакт со граѓаните и заснована е врз потребите на сите граѓани на Битола, затоа што Битола е на сите.

 

 

 

01.10.2017 - 12:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега