Животни, трактор, плевни, пчели - пожарите во тетовско голтаа се пред себе
Вчерашниот пожар во тетовско Раотинце проголта трактор, огревно дрво, мешалки за бетон, косилка за трева, две крави, бик, две телиња, 10 кокошки и 200 бали луцерка и јонџа. Штетата која ја предизвикал пожарот е проценета на околу 16.000 евра.
Пожар го потресе и Џепчиште и пеплоса плевна во која имало 1.000 бали слама, траторска приколка, 100 сандаци со пчели. За среќа пожарот бил ставен под контрола пред да предизвика поголема трагедија и да зафати некоја од околните куќи.
Тетовските пожарникари се бореле со пламени јазици и во зградата со број 16 во станбената населба Блок 70. Таму изгореле 33 електрични броила.
Се работи на утврдување на причините за пожарот и материјалната штета.
26.08.2013 - 10:30