Драма во Куманово: Со пиштол им се заканил па ги врзал и ограбил

Вчера околу 12 часот и 10 минути во село Шупли Камен-кумановско, додека 56- годишниот С.Т и неговата сопруга 58- годишната В.П од Куманово, биле во дворот од нивната викендица, дошло непознато лице кое со закана со пиштол го внел С.Т. во викендицата, по што му ги врзал рацете и нозете со самолеплива лента.

Потоа, одзел паричник кој бил на масата и во кој имало 300 денари и лични документи,  два мобилни телефони, а на крајот го одзел и нивното возило “Опел астра“ (во кое имало паричник со околу 500 денари и лични документи) по што го напуштил местото на настанот.

Увид извршила увидна екипа од СВР-Куманово.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето како и целосно расчистување на случајот.

 

 

 

02.10.2017 - 12:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега