Тешка сообраќајка во Куманово- двајца повредени

Вчера во 14 часот и 50 минути на спортскиот аеродром „Аџитепе“ во Куманово, се случила сообраќајна незгода помеѓу моторцикл „Сузуки“ со гостиварски регистерски таблици управуван од 33- годишниот Б.Т од Скопје и моторцикл „Јамаха ИТ5“ со скопски регистерски таблици управуван од 19- годишниот М.Н од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Б.Т. додека М.Н. се здобил со телесни повреди.

На истите им била укажана лекарска помош во Општата болница во Куманово.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Куманово.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

02.10.2017 - 13:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега