Фото: Елвис Бајрам со крвава глава - претепан градоначалникот на Шуто оризари

Актуелниот градоначалник на скопската општина Шуто Орузари, кој воедно е и кандидат за истата функција на претстојните локални избори, Елвис Бајрам, и уште едно лице кое било со него, крвнички биле претепани со метални и дрвени прачки и попладнево од група насилници, објави НетПрес.

Бајрам бил во друштво со лицето Аднан Мемет, кое е дел од неговиот изборен штаб. Двајцата оделе во посета на жители на населбата Шуто оризари, како дел од предизборната кампања, и во 17.50 часот додека се движеле по улицата Гвадалахара, четири лица непознати, без никакви причина, физички го нападнале прво Аднан, а потоа и Бајрам. Откако со тупаници ги собориле на земја, почнале да ги удираат со клоци и со метални и дрвени прачки, по што Елвис паднал во безсознание.

 

 

 

02.10.2017 - 19:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега