Страшна несреќа во Македонија: Прегазено 4 годишно дете
Четири годишно дете е тешко повредено откако вчера утрината било прегазено од комбе на улицата „Драге Карбуничанец“ во Кичево.
Од полицијата информираат дека во момчето удрило комбе „Фолксваген крафтер “ управувано од 22-годишниот Д.А. од Кичево.
Детето со тешки повреди било пренесено во медицинскиот центар во Струга, од каде е префрлено во охридската болница „Св.Еразмо“. Полициски екипи извршиле увид на местото на несреќата
03.10.2017 - 10:20
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа