Изгоре пекара и семејна куќа во Скопје
Утринава во 9 часот избувна пожар во пекара во скопската населба Ѓорче Петров.
За среќа во пожарот нема повредени лица.
Во гаснењето на пожарот учествувале повеќе пожарникарски возила и пожарникари – еден од пожарникарите е повреден.
Огнот од пекарата го зафатил и покривот на куќата. Според очевидците, пожарот избил од оџакот кој се запалил рано утринава.
03.10.2017 - 11:36
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа