Гостварец давал отпор на апсење и со нож замавнувал на полицијата
Синоќе во 23 часот и 30 минути на улица „Никола Парапунов“ во Гостивар, по претходно пријавен настан - “телесна повреда при семејно насилство“, во момент на приведување на лицето на 26- годишниот Н.Н, тој со нож замавнал кон полициските службеници, но никого не повредил.
Лицето веднаш било совладано и приведено во Полициска станица Гостивар.
По целосно документирање на случајот, против Н.Н. ќе биде поднесена соодветна пријава.
03.10.2017 - 12:56
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа