Директорка на болница во Берово ја злоупотребила должноста и причинила огромна штета
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против 62- годишната М.Р од Берово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување”.
М.Р. во својство на директор на Јавна здравствена установа Здравствен дом-Берово, во текот на декември 2015 година, без да обезбеди согласност од Советот за јавни набавки, спровела постапка за набавка на стоки и склучила договор за набавка на медицински апарати со два економски оператори, со што направила штета на Здравствен дом - Берово во износ од 2.327.550 денари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа