Стружанец месец дена ограбувал се што стигнал додека полицијата не го фатила

Криминалистичката полиција од Струга поднесе кривична пријава против 31- годишниот О.Н од Струга поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „тешка кражба“, „тешка кражба во обид“ и „кражба“.

Пријавениот, ги извршил делата во текот на минатиот месец. Насилно влегувал во куќа во Струга, во паркирани товарни моторни возила и работни машини паркирани во кругот на  фабрика за плочки во атар на селото Радолишта и во киоск за пецива лоциран во кругот на општинското средно училиште „Ибраим Темо“ во Струга.

При извршување на делата тој користел алат и физичка сила. Успеал да одземе шест акумулатори од возилата и дел од инвентарот во киоскот за пецива.

Полициски службеници го забележале во момент на извршување на кражбата во киоскот и веднаш го привеле во полициската станица.

Со извршување на кривичните дела, пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од  60.000 денари.

 

 

 

03.10.2017 - 13:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега